Македонија За пожарот кај Француски гробишта во Скопје приведен 87-годишен старец

За пожарот кај Француски гробишта во Скопје приведен 87-годишен старец

Фото: Фејсбук профил на Противпожарна бригада на Град Скопје

На улицата „Самоилова“ во Скопје вчера во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(87) од Скопје, поради сомнение дека го предизвикал пожарот во близина на Француските воени гробишта на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Скопје.