Македонија За погреб на загинатите мигранти државата плаќа по 40.000 денари

За погреб на загинатите мигранти државата плаќа по 40.000 денари

За погреб на загинатите мигранти државата досега платила околу 16.000 евра.

Од ИВЗ велат дека еден погреб со парцела и со обред чини околу 40.000 денари. Тоа значи дека за 27 мигранти, државата морала да плати 1.080.000 денари или околу 16.000 евра.

Последните месеци во Македонија во одделни, претежно сообраќајни несреќи, загинале вкупно 28 мигранти, кои доаѓаат од Нигерија, Сирија, Сомалија и од Авганистан.

Досега од роднини е побарано само едно тело на починат, а другите 27 мигранти се погребани во земјата. Тие се погребуваат на посебна парцела на муслимански гробишта, со сите вообичани обреди за муслимански погреб.

Трошоците ги плаќаат или државата или општините каде се погребани мигрантите.