Македонија За нов директор на ОТА предложена правничката Марија Јаническа

За нов директор на ОТА предложена правничката Марија Јаническа

На огласот се пријавиле 21 кандидат - тројца од вработените во Агенцијата за разузнавање, тројца од Агенцијата за национална безбедност, петмина од ОТА, како и професори, инженери и правници

Фото: Tom Pottiger on Unsplash

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска едногласно, без расправа, ја предложи Марија Јаническа за директорка на институцијата што треба да оневозможи незаконско прислушување – Оперативно-техничка aгенција (ОТА). Сега предлогот треба да се гласа на пленарна седница, со двотретинско мнозинство, преку Бадинтеров клуч

Таа е дипломиран правник на возраст од 45 години, со работно искуство во ОТА и во телекомуникацискиот сектор.

На огласот се пријавиле 21 кандидат – тројца од вработените во Агенцијата за разузнавање, тројца од Агенцијата за национална безбедност, петмина од ОТА, како и професори, инженери и правници.

ОТА е без директор веќе два месеци, откако му истече петгодишниот мандат на Зоран Ангеловски, првиот директор на агенцијата, која по Извештајот на Прибе е формирана како орган што треба да спречува незаконско прислушување.