Хроника За едно деноноќие гореле два автомобили во Скопје

За едно деноноќие гореле два автомобили во Скопје

Два автомобили гореле вчера и ноќеска во Скопје, извести полицијата.

Првиот случај бил пријавен во полиција од скопските пожарникари, кои вчераутро известиле дека изгаснале пожар на автомобил на паркиралиштето до Меѓуградска автобуска станица. Пожарникарите ги известила скопјанка која управувала со автомобилот „бе-ем-ве“ со скопски таблички. Кажала дека штом го паркирала автомобилот, од кај моторот почнал да излегува чад.

Вториот случај е во населбата Бутел, а според некои медиуми, изгорел автомобил на пејачот Сашо Каимовски – Панки. Делумна потврда за тоа има и во полицискиот билтен, односно во наведените иницијали на сопственикот на изгореното возило. Според полицијата, 55 минути по полноќ ноќеска граѓанин пријавил дека е опожарен автомобил „ауди А8“ на С.К. (50). Пожарот на автомобилот на улицата Натанаил Кучевишки го изгаснала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.