Македонија За една недела повеќе од 3.000 мигранти добиле дозвола за престој

За една недела повеќе од 3.000 мигранти добиле дозвола за престој

За една недела МВР издало потврди за престој на вкупно 3.023 државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Конго, Пакистан и на други земји. Од нив 2.338 се мажи, 375 се жени, а 310 се деца. До вчера, според Министерството, ниту еден од нив не побарал азил, а од стапување на законот на сила ситуацијата е значително подобрена.

Нема несреќни случаи по пругите и по патиштата или нивна злоупотреба од криминални структури, а државата има подобра евиденција на сите кои нелегално влегуваат во државата.

Во меѓувреме, полицијата расчисти три случаи на илегален транспорт на мигранти.