Македонија За една недела 25 нови случаи на пертусис, најмногу од зеболените се...

За една недела 25 нови случаи на пертусис, најмногу од зеболените се бебиња

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под 1 година

Фото: Рената Копел (Renate Köppel) на Пиксабеј (Pixabay)

Во последната недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 отсто повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под 1 година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 беа хоспитализирани.

Заклучно со 5 септември, во РСМ се регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема
кашлица. Тоа е неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи.