Македонија За две недели Министерството за здравство објави само едно видео на албански...

За две недели Министерството за здравство објави само едно видео на албански јазик за заштита од коронавирусот

Пред две недели, Министерството за здравство објави анимирано видео од Светската здравствена организација со опис на македонски јазик, кое помага да се спречи заразувањето или ширењето на смртоносниот корона вирус. Истото беше дистрибуирано денес, бидејќи нашата редакција постојано бараше од Министерството и граѓаните Албанци да имаат право да бидат информирани на својот мајчин јазик, известува „Порталб.мк“.

Ова е првиот материјал објавен на албански јазик. Другите публикации поврзани со корона вирусот Министерството за здравство сè уште ги нема преведено.

Нашата редакција веќе две недели бара од Министерството за здравство сите материјали со препораки, упатства или мерки за спречување на смртоносниот корона вирус што се објавуваат на македонски да бидат преведени и на албански јазик, меѓутоа такво нешто досега остана само ветување.

Министерот Филипче, како и портпаролите на Министерството неколку пати рекоа дека ќе бидат преведени, но постојано се објавуваат материјали со препораки за спречување, само на македонски јазик.

Министерството за здравство и соопштенијата ги праќа само на македонски јазик.

Во интерес на граѓаните, редакцијата на Порталб.мк денес го преведе едниот од материјалите со препораки за спречување на корона вирусот – обврска која им припаѓа на претставниците на министерството кои се платени од граѓаните, за да им служат на граѓаните – особено во време кога повеќе од било кога има потреба од прецизно и правилно информирање.

Го повикуваме министерството да ги преведе материјалите, бидејќи сите граѓани се рамноправни и имаат право да се информираат на нивниот мајчин јазик.

Го потсетуваме министерството дека сега веќе во сила е Законот за употреба на јазиците, кој што го гласаше партијата на министерот Венко Филипче.

Апликацијата “AirCare”  и Министерството за здравство соработуваат со цел да ги заштита граѓаните и да ги информираат со точни вести во однос на состојбата со корона вирусот во Северна Македонија. Преку оваа апликација, граѓаните можат да добиваат точни и официјални информации во врска со овој вирус, сепак и тука се само на македонски јазик.

И списокот на местата со низок ризик и со висок ризик е само на македонски јазик.

Веб-страницата на министерството е на албански јазик, но само формално. Lajmi i fundit në shqip (Последната вест на албански) во Министерството за здравство е објавена на 13 декември 2017.