Економија За девет години од Македонија нелегално се изнесени 5 милијарди долари

За девет години од Македонија нелегално се изнесени 5 милијарди долари

Во периодот од 2004 до 2013 година, од Македонија на различни начини на финансиски трансакции, како криминал и корупција, се изнесени 5.168.000.000 долари.

Ова го покажува најновото истражување на организацијата „Глобален финансиски интегритет“ (Global Financial Integrity) од Вашингтон.

Според оваа организација, од Македонија во просек годишно нелегално се одлеваат по 516.000.000 долари.

Истражувањето го направиле врз база на анализа на податоци за меѓународна размена и за платен биланс што ги објавува Меѓународниот монетарен фонд, податоци на Светска банка и на институции надлежни за борба против корупцијата и криминалот.

ГФИ е непрофитна организација која подготвува истражувања и анализи за нелегалното одлевање на пари и дава препораки за спречување на перењето пари.