Македонија За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

Мобилните тимови на Црвениот крст, вчера до 17 часот, укажале прва помош на вкупно 142 лица, илегални мигранти, меѓу нив и 29 трудници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број интервенции, 79 биле на железничката станица во Гевгелија, а 63 интервенции екипите на Црвен крст имале на Табановце.

Според МВР, во текот на изминатите 24 часа, биле издадени потврди на вкупно 614 странски државјани, за искажана намера за барање азил во земјава.

Од 19 јуни, кога беа донесени измените на Законот за азил и привремена заштита, до денеска во 8 часот, потврди се издадени на вкупно 32.388 мигранти, од кои најголем дел се сириски државјани, односно 25.286 лица.

Како што информираат од МВР, до вчера, до Одделението за азил биле поднесени 41 барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, од кои 31 барање се од државјани на Сирија.