Македонија За 24 часа 2.300 бегалци и мигранти влегле во Македонија

За 24 часа 2.300 бегалци и мигранти влегле во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 2.300 странски државјани, од кои 953 се од машки пол, 495 се од женски и 852 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.441,  Авганистан – 495 и на Ирак – 364.

Од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца што го придружуваат носителот на потврдата. Уште на 101 дете кои патувале без родител им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.