Свет Балкан Вучиќ: Кохабитацијата не би била добра за државата

Вучиќ: Кохабитацијата не би била добра за државата

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека претседателските избори се прашање на определување по кој пат ќе оди Србија во иднина, но дека не би било добро шефот на државата и на владата да не бидат од иста политичка опција.

Вучиќ рече дека ако на претстојните претседателски избори победат Саша Јакновиќ, Вук Јеремиќ или Воислав Шешељ, тоа ќе има значајни последици за иднината.

– Тоа значи дека луѓето сакаат да ја променат политиката и дека сметаат дека ова што го правиме не е добро. Мислам дека такво нешто ќе биде погубно, но во волјата на народот не би навлегувал – рече Вучиќ.

Претседателските избори во Србија треба да се одржат напролет следната година.