Економија Вучиќ даде „зелено светло“, откази ќе добијат 9.000 вработени во администрацијата

Вучиќ даде „зелено светло“, откази ќе добијат 9.000 вработени во администрацијата

Членовите на Владата на Србија се договориле за начинот на кој ќе почнат со рационализација на државната администрација, во рамките на која, од септември ќе почнат отпуштања на 9.000 лица, пишува „Блиц“.

По неколку недели прекин, вчера на седницата на Владата било договорено како прецизно ќе изгледа процесот на отпуштање во државната администрација, во здравството, во образованието и во судството.

– Прекинот траеше десетина дена бидејќи најголем дел од министрите не биле подготвени конечно да го реализираат тоа што беше договорено. Министерството за државна администрација даде општа анализа, а потоа сите министерства работеа на прецизни планови во своите сектори.Но, целата акција во еден момент дивергираше, па очигледно „зелено светло“ мораше да даде самиот премиер – изјавил извор за „Блиц“.

Тие планови, се означени како службена тајна за да не предизвикаат паника меѓу вработените во јавната администрација.

Сепак, според неофицијалните информациии, анализите покажуваат дека најголеми трошоци има во здравството, образованието и во судството.