Македонија Второ прскање против комарци

Второ прскање против комарци

Второто авионско прскање против ларви од комарци ќе се реализира в четврток, од 6 до 12 часот, и притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и водни површини во градот Скопје и во неговата околина, како и текот на реката Вардар, информираат од Град Скопје.

Втората терестрична дезинсекција ќе се случи в понеделник, од 9 до 17 часот, и ќе бидат опфатени сите водни површини во градот Скопје, канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по текот на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.