Македонија Втор повик од Град Скопје за субвенции за печки за пелети

Втор повик од Град Скопје за субвенции за печки за пелети

Град Скопје денеска  го објави вториот јавен повик годинава за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза.

Во оваа акција, чија цел е да се користат поквалитетни печки кои помалку ќе го загадуваат воздухот, на граѓаните ќе им се надоместуваат до 70 отсто од цената на печката на пелети, но до максимум 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик трае до 30 ноември или до исцрпување на предвидените суми, а ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Право на учество имаат жители на Скопје кои ќе купат печка на пелети за затоплување од денеска до 30 ноември. Субвенција не ќе може да добијат домаќинствата кои се приклучени на градското централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите кои сега градат куќа, а не живеат во неа.

Условите се, покрај тоа дека може да конкурираат само жители на Скопје, досега барателите да не добиле субвенција за печка на пелети од кој било извор во земјава, а во моментот да користат печка на дрва, јаглен, нафта или мазут. Покрај тоа треба да е платен и данокот за имот за 2017 година.

Заинтересираните треба да поднесат пополнето барање кое може да се земе од архивата на Град Скопје или од интернет страницата на Град Скопје.

Другите услови се наведени тука.