Подглавна секција Вселенското летало „Старјланер“ се врати на Земјата, но без астронаутите Сани Вилијамс...

Вселенското летало „Старјланер“ се врати на Земјата, но без астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор

Минатиот месец НАСА процени дека е ризично по нивните животи да се вратат назад на Земјата со капсулата кај која се јавија технички проблеми уште при лансирањето, пренесе „Асошиејтед прес“

Фото: Wikimedia commons/Robert Markowitz

„Старлајнер“ вселенското летало на компанијата „Боинг“ синоќа безбедно се врати на Земјата, но астронаутите на американската вселенска агенција НАСА кои требаше да бидат во него, Сани Вилијамс и Буч Вилмор, останаа на Меѓународната вселенска станица.

Минатиот месец НАСА процени дека е ризично по нивните животи да се вратат назад на Земјата со капсулата кај која се јавија технички проблеми уште при лансирањето, пренесе „Асошиејтед прес“.

Вилмор и Вилијамс требаше да се вратат на Земјата со „Старлајнер“ до средината на јуни, но уште тогаш се појавија проблеми со погоните на леталото и беше детектирано истекување на хелиум.

Американската вселенска агенција објави дека по шестчасовен лет, „Старлајнер“ безбедно се спуштил во пустината во Ново Мексико и најави дека капсулата ќе биде пренесена на проверка во вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал на Флорида.