Македонија Врнежливо време денеска

Врнежливо време денеска

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта пообилни врнежи ќе има во јужните и источните делови од земјава. На планините над 1.200 метри ќе има врнежи од снег.

Температурата ќе се движи од 0 до 10 Целзиусови степени, а во Скопје од 0 до 5 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 20л/м2.