Македонија Врнежливо и променливо време

Врнежливо и променливо време

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо со повремен слаб дожд, особено претпладне. Температурата ќе се движи од 14 до 18 Целзиусови степени.

Во текот на велигденските празници времето ќе биде променливо, со поинтензивни врнежи.

В сабота ќе биде претежно стабилно и потопло со температура од 18 до 25 Целзиусови степени.

Нови врнежи од дожд ќе има в недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови.

Температурата ќе се движи од 18 до 24 Целзиусови степени.

Врнежи ќе има и в понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник.