Македонија Времето утре претежно облачно со повремен дожд

Времето утре претежно облачно со повремен дожд

Времето во Македонија утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Дождот попладнето и вечерта може да биде и пороен, но ќе паѓа во кратки интервали, а ќе има и грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

В недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата за 4 до 5 степени во споредба со утрешната и ќе се движи од 16 до 23 степени.