Македонија Времето утре потопло отколку денеска

Времето утре потопло отколку денеска

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечна дневна температура.

Дневната температура ќе изнесува меѓу 25 и 33 Целзиусови степени.

В понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран, повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава.

Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и малку посвежо време, прогнозира УХМР.