Македонија Сончево со слаб ветер

Сончево со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, на планините со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува сончево и топло време, со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.