Македонија Времето сончево со мала облачност и ветер

Времето сончево со мала облачност и ветер

Силен ветер утрово дува постојано во Скопскиот и во Штипскиот регион. Крај главниот град брзината му достигнува до 70 километри на час, а во Штипско до 50 километри на час. Слаб снег провејува на планините. Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Маврови Анови – 33 литри на квадратен метар, а најмалку во Гевгелија и Дојран – само еден литар на квадратен метар.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, повеќе изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава. Максималната температура ќе достигне од 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 6 Целзиусови степени.

Утре ќе преовладува суво и потопло време, со умерен ветер од југозападен правец, а за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, претежно од дожд.