Македонија Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне 23 Целзиусови степени.