Македонија Времето сончево, попладне со услови за дожд

Времето сончево, попладне со услови за дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд, претежно во западните планински делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува слаб до умерен, претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.