Македонија Умерено облачно претпладне, краткотраен дожд попладне

Умерено облачно претпладне, краткотраен дожд попладне

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност, а попладне е можен локален краткотраен дожд и со ретки грмежи, особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, појаснува метеоролошката прогноза на УХМР.

Температурите ќе бидат за 4 до 5 степени повисоки во однос на вчера, а ќе се движат од 16 Целзиусови степени во планинските предели на крајниот запад на земјава до 26 степени во Гевгелиско-дојранскиот Регион. Во Повардарието ветерот ќе дува кон северозапад.

Сончево и топло со мала до умерена облачност, но и со услови за попладневна и краткотрајна нестабилност, претежно за западот, ќе има сè до петок. Ќе има почести повремени врнежи, повеќе во северните делови од земјата, а од утре до петок ќе дува северен ветер, кој ќе донесе мало спуштање на температурата.