Македонија Променливо облачно време, со кратки сончеви периоди

Променливо облачно време, со кратки сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер долж Повардарието, а во источните делови ветерот ќе се засилува од северен и од северозападен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе биде околу 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.