Македонија Времето претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето претпладне сончево, попладне со услови за пороен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен североисточен ветер. Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со повремен пороен дожд и со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.