Македонија Времето претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Времето претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Времето претпладнево ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот наместа ќе дојде до нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде претежно сончево, со слаб југоисточен ветер, но кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.