Македонија Времето претпладне сончево, а попладне нестабилно

Времето претпладне сончево, а попладне нестабилно

Времето денеска  ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне ќе биде облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и со грмежи. Кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност, која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град.

Утринската температура се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 32 степени.

Во Скопје околу пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд и со грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 31 Целзиусов степен.