Македонија Претежно облачно време со умерен северен ветер

Претежно облачно време со умерен северен ветер

Времето во Македонија од денеска ќе почне да се стабилизира со зголемување на дневната температура.

Претпладнево ќе биде претежно облачно, со повремен дожд и со услови за ретки грмежи, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе престанат, а најдоцна ќе се задржат на југот. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи од од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје претпладнево времето ќе биде претежно сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а попладне и со зголемена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 29 Целзиусови степени.

Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине 35 Целзиусови степени. УВ-индексот во наредните денови повторно ќе има многу високи вредности.