Македонија Времето денеска врнежливо и студено

Времето денеска врнежливо и студено

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд со умерен интензитет. На највисоките планиниски врвови, можно е провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 10 степени.