Македонија Времето денеска студено со врнежи од дожд и од снег

Времето денеска студено со врнежи од дожд и од снег

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи од дожд и студено. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне и на пониските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер, кој ќе достигне брзина и до 40 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне 8 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе преминуваат во врнежи од снег, a ќе дува и засилен северозападен ветер. Макасималната дневна температура ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.