Македонија Времето денеска сончево, суво и топло

Времето денеска сончево, суво и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и претежно тивко. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе има и мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево и тивко време, со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе се расчистува. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе искачи до 20 степени.