Македонија Времето денеска сончево со услови за локален дожд попладне

Времето денеска сончево со услови за локален дожд попладне

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 24 степени.