Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, а во северозападните подрачја со слаб локален дожд. Во текот на денот, облачноста ќе се намалува и времето ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје, во утринските часови ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а во текот на денот – сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринска температура ќе достигне 14 Целзиусови степени, а дневната – 27 степени.