Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност и со јужен ветер

Времето денеска сончево со умерена облачност и со јужен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопјe времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

В недела и в понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. В понеделник брзината на ветерот ќе надминува 90 килиметри на час.