Македонија Времето денеска сончево, со умерена облачност

Времето денеска сончево, со умерена облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во источните делови, умерен северозападен ветер.

Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до  24 Целзиусови степени.

До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност.