Македонија Времето сончево со умерена облачност

Времето сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 11 степени.

Во Скопје се очекува сончево време, со мала до умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот со зголемена облачност.

Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.