Македонија Времето денеска сончево, со температури до 30 степени

Времето денеска сончево, со температури до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе се искачат во интервалот од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со дневна температура до 28 Целзиусови степени.

Невообичаеното топло време за овој период од годината ќе продолжи и во текот на наредните денови. Според податоците на УХМР, врнежи од дожд не се предвидени за наредните четири дена.