Македонија Сончево време со температура до 37 степени

Сончево време со температура до 37 степени

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови можна е изолирана појава на краткотрен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 целзиусови степени, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе достигне 15 Целзиусови степени, а дневната – 35 степени.

Македонија од денеска ќе биде зафатена со повисока температура, која ја дефинира жолтата (алертна) фаза.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека станува збор за температура до 37 Целзиусови степени, која е повисоки за овој период од годината и потребна е особена внимателност за заштита на здравјето на населението и за адаптација кон повисоката температура.