Македонија Времето денеска сончево со мала облачност

Времето денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степни, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.