Македонија Времето денеска сончево, попладне со услови за дожд

Времето денеска сончево, попладне со услови за дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи, особено во западните и во јужните планински подрачја.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Утринската температура во Македонија ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура од 18 Целзиусови степени и дневната до 35 степени.