Македонија Времето денеска сончево, од вторник следува заладување

Времето денеска сончево, од вторник следува заладување

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево време, со мала до умерена локална облачност, претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини имаше услови за појава на слаба магла.

Температурата во текот на денот ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Утре ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност, поголема во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла.

Во вторник и особено в среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а утринската температура ќе биде над нулата.