Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Облачноста попладне ќе се зголеми, а понекаде во планинските региони ќе се појави слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од осум до 16 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а преку денот ќе дува претежно слаб југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 Целзиусови степени.