Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и на ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.