Македонија Времето денеска променливо со врнежи од дожд попладне

Времето денеска променливо со врнежи од дожд попладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во пладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд со услови за ретки грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините ќе провејува повремен снег.

Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе преминува во постуден северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време утринска температура околу 7 и дневна до 21 Целзиусов степен.