Македонија Времето денеска променливо облачно со ветер

Времето денеска променливо облачно со ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движеше од 0 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 12 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се спушти до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд.

Од недела до крајот на денот ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.