Македонија Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемува, така што во текот на ноќта ќе има локален дожд, особено во западните и во северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.