Македонија Времето денеска променливо облачно

Времето денеска променливо облачно

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд особено во крајните западни и источни делови каде што е можна и ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со утринската температура до 10, а дневната ќе се искачи до 22 Целзиусови степена.