Македонија Времето денеска претежно сончево, можен дожд во западните делови

Времето денеска претежно сончево, можен дожд во западните делови

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 30 Целзиусови степени.

Од сабота следува период на стабилно време, со постепен пораст на температурата.