Македонија Времето денеска претежно сончево и студено

Времето денеска претежно сончево и студено

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и студено, со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од -1 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 3 Целзиусови степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време, со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени в четврток и петок. За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.